Политика на приватност

Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата на www.pleasure.com.mk

Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој www.pleasure.com.mk ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на нашата интернет страница www.pleasure.com.mk (понатаму:„интернет страница”). Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.

Оваа политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашите интернет страници.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува. При посета на интернет страницата, www.pleasure.com.mk ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), само доколку доброволно на ваша иницијатива ги предадете преку регистрирање на нашата интернет страница.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци ги обработуваме:

  • За овозможување на online користење на нашите услуги, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка и
  • За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нуди.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци www.pleasure.com.mk ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во Плежр се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. www.pleasure.com.mk  применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи со законски предвидена постапка.

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, www.pleasure.com.mk може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови www.pleasure.com.mk го следи движењето на посетителите на страната и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време според подесувањата на интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги подесат своите интернет пребарувачи за дифолтно одбивање колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа опција, одредени делови од страницата може да не функционира според предвиденото.

Ремаркетинг

www.pleasure.com.mk информациите кои ги собира преку користењето на колачиња („cookies”), може да ги користи за ремаркетинг за Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ги посетува корисникот кој претходно ја посетил интернет страницата на www.pleasure.com.mk

Google, Facebook и останати трети страни прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие „ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страницата на www.pleasure.com.mk преку со користење на колачиња.

На пример кога со посетата на www.pleasure.com.mk корисникот се интересира за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас на Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страница која исто така користи”ads” на Google да му биде презентирана реклама за www.pleasure.com.mk или за содржината која ја посетил на страницата на www.pleasure.com.mk . Сите собрани податоци од www.pleasure.com.mk ќе се користат во согласност со Политиката за приватност на www.pleasure.com.mk, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоци собрани од нивна страна.

Корисниците самостојно можат да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и Facebook пласираат реклами до нив со пристапување на следните страници: За „Google”: https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en , и за „Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/ . Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој корисникот го користи. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-прелистувач на начин што ќе ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не сака да биде следено. “DNT” функционалност, корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на секцијата “Параметри” (Preferences) или „Поставки”(Settings) на веб прелистувачот кој го  користи.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

www.pleasure.com.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во било кое време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме да не ја користите оваа интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.